ВИДЕО | Заев за скопскиот градоначалник: Да бев жител на Скопје, ќе гласав за Шилегов

Универзална сала – еден од симболите на Град Скопје ќе биде реконструирана во постојниот облик, нагласи градоначалникот на Скопје Петре Шилегов кој денеска заедно со премиерот Зоран Заев го презентираше планот за обнова.

– За овој проект 120 милиони денари ќе бидат обезбедени од Владата. Ние ќе бидеме инспирани од проекти кои се од интерес на граѓаните. До септември ќе биде реконструирана Универзална сала и истата ќе има капацитет од 1.200 седишта. Иако сум струмичанец, се радувам за обновата на Универзална сала, рече Заев.

Тој нагласи дека Шилегов е негов добар пријател и лично ќе го поддржи на следните локални избори.

-Да бев жител на Скопје, ќе гласав за Шилегов, рече Заев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот