ВИДЕО: За вакво промашување од еден метар веднаш си на трансфер листа

Фото: EPA-EFE/PHILIPP GUELLAND

Денеска во пријателски натпревар на „Алијанц“ Арената во рамките од „Ауди купот“ ремизираа екипите на Баерн Минхен и Ајакс со резултат 2:2 како подготовка за новата сезона.

Холандскиот клуб доста подобро го отвори мечот и веќе во 10 минута поведе со голот на Лабјад по додавањето на Халер.

Баварскиот гигант успеа да израмни во 40 минута со погодокот на Чупо-Мотинг после асистенцијата на Сар (1:1).

Во центарот на вниманието се најде младиот играч на Баерн, Зиркзе кој успеа да го издрибла противничкиот голман, и не му преостануваше ништо друго освен рутински да ја смести топката во мрежата.

Но, ги шокираше своите играчи со својот потег и несериозност, во последен момент еден од дефанзивните фудбалери ја отстрани топката од неговите нозе.

За навивачите на минхенскиот клуб воопшто нема да биде изненадување доколку тренерот Нагелсман поради овој потег го „отпише“ Зиркзе за следната сезона.

На стартот од вториот дел Нианзу се погрижи за предност на Гермаците чија радост траеше само 120 секунди, бидејќи за нов егал на средбата донесе Јенсен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот