ВИДЕО | „За поддршка на поранешните лидери на ОВК“: Рама ги повика Албанците од Косово, Македонија, Албанија на протест во Тирана

„Од секој агол од албанската земја, илјадници срца ќе се обединат овој петок, 17 октомври, во 17 часот, за едногласно да побараат правда за ослободителите“, порача премиерот на Албанија.

Албанскиот премиер Еди Рама ги повика граѓаните, како што наведе, од Албанија до Косово, одМакедонија и секаде во дијаспората, да се придружат на протестот кој, според пишувањето на локалните медиуми, ќе се одржи во петок, на 17 октомври, во Тирана, објави kossev.

Како што прецизираше Рама, протестот ќе започне во 17 часот.

„Со задоволство и чест ја објавувам оваа покана. Слободата има име. Од Косово, од Северна Македонија, Албанија, дијаспората и секој агол од албанската земја, илјадници срца ќе се обединат овој петок, 17 октомври, во 17 часот, за едногласно да побараат правда за ослободителите“, изјави премиерот на Албанија.

Во прашање е продолжувањето на протестот за поранешните водачи на ОВК, организиран од водачите на Косовското здружение на поранешни припадници на ОВК.

Ова здружение ја избра Тирана како следна локација за масовен протест. Претходно, тие одржаа митинг во поддршка на обвинетите недалеку од седиштето на Специјалниот суд каде што се наоѓа во Хаг. Според извештаите на медиумите од тогаш, на митингот имало илјадници Албанци.

На овие протести тие бараат ослободување и, како што тие го толкуваат, фер судење на поранешните водачи на „Ослободителната војска на Косово“, Хашим Тачи, Кадри Весељ, Јакуп Красниќи и Реџеп Селими, кои се соочуваат со обвиненија за воени злосторства и злосторства против човештвото.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот