фото: скриншот/Фејсбук

ВИДЕО | За да избегне пешак, возило се преврте во двор во Штип

Во Штип попладнево се случила сообраќајна несреќа кога автомобил со двајца патници излетал од улицата и завршил превртен во двор од куќа покрај коловозот.

Според очевидци, возачот се обидел нагло да реагира за да избегне жена која во тој момент ја преминувала улицата. При маневарот изгубил контрола над возилото, кое излетало од патот и се превртело на покрив.

Во возилото се наоѓале возач и сопатник, кои по несреќата биле пренесени во Клиничката болница во Штип. Според информации од жители на улицата, двајцата се во стабилна здравствена состојба.

 

 

 

Три сообраќајни несреќи во Скопје во еден ден, три тешки повреди — мотоциклист, пешак и велосипедист завршиле во болница

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот