Сообраќајка во Аеродром, удрен моторциклист / Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

Три сообраќајни несреќи во Скопје во еден ден, три тешки повреди — мотоциклист, пешак и велосипедист завршиле во болница

Во три одделни сообраќајни несреќи што вчера се случиле во Скопје, тешко повредени се велосипедист, пешак и мотоциклист.

Во една од сообраќајните несреќи, пешак бил тешко повреден вчера околу 10 часот на кружниот тек кај улиците „Христо Татарчев“ и „Марко Орешковиќ“ и булеварот „Србија“ во Скопје.

„На 23.05.2026 околу 10:10 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од кружен тек од ул. ‘Христо Татарчев’, ул. ‘Марко Орешковиќ’ и бул. ‘Србија’ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило ‘фолкваген’ со скопски регистарски ознаки кое било паркирано од М.Р.(34) од Скопје, и веднаш откако тргнало удрило во пешакот И.К.(24) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила И.К., констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники ‘Мајка Тереза’. СВР Скопје презема соодветни мерки за утврдување на причините по што ќе бидат поднесени соодветни поднесоци,“ информира МВР.

Мотор се судрил со „мазда“

Во другиот случај, возач со „мазда“ се  удрил со мотоциклист вчера околу 16 часот, на крстосницата на улиците „Ѓорче Петров“ и „Кузман Шапкарев“ во Скопје, а мотоциклистот завршил во болница со тешки повреди.

„На 23.05.2026 околу 16:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосницата од ул. ‘Ѓорче Петров’ и ул. ‘Кузман Шапкарев’ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило ‘мазда’ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од З.Ј. (19) од Гостивар и мотоцикл ‘бмв’, управуван од Ѓ.Т.(38) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, контстатирани во Комплекс клиники ‘Мајка Тереза’ Скопје. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје“, соопшти полицијата.

Велосипедист завршил во болница

Во друга несреќа, автомобил „фолксваген тигуан“ удрил во велосипед на булеварот „Гоце Делчев“, а 65-годишниот велосипедист завршил во болница со тешки телесни повреди.

„На 23.05.2026 во 13:56 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул. ‘Гоце Делчев’ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило ‘фолксваген тигуан’ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Р.(51) од Скопје и велосипед управуван од П.Д.(65) од Скопје. Во несреќата велосипедистот П.Д. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје“, соопшти полицијата.

Возило удрило во велосипедист кај „Мавровка“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот