Кристи Ноем, секретар за внатрешна безбедност на САД/Фото: EPA-EFE/SAMUEL CORUM / POOL

ВИДЕО | Вработените во безбедносните служби ќе одат на детектор за лаги за да се открие од каде протекуваат информациите

Американското Министерство за внатрешна безбедност ги става своите вработени на детектор за лаги во обид да ги открие одговорните за протекување на внатрешни информации, изјави денеска Кристи Ноем, секретар за внатрешна безбедност на САД за телевизијата Си-би-ес.

Американските медиуми претходно објавија за оваа употреба на детектори за лаги.

Поранешната републиканската гувернерка на Јужна Дакота не даде детали за бројот на вработени кои ќе бидат тестирани.

Двајца вработени во министерството открија доверливи информации за полициските операции и на тој начин ја загрозија безбедноста и животите на полицајците, тврди Ноем. Тие сега ќе бидат обвинети и ќе се соочат со затворски казни до 10 години.

Министерката нагласи дека домашната безбедност „сигурно“ ќе користи детектори за лаги во истрагата за можни дополнителни протекувања во нивните редови.

Ноем изјави дека, како шеф на министерството, има широк опсег на овластувања и има намера да ги искористи.

Канцеларијата на Ноем, меѓу другото, продолжува со апсење и депортирање на имигранти кои немаат дозвола за престој или сториле кривични дела.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот