ВИДЕО: Вработени во Театар Комедија не ја прифаќаат новата в.д. директорка, имаат свој кандидат

Вработени во театарот снимија видеопорака во која ги образложуваат своите ставови / фото: принтскрин

Дел од вработените во Театар Комедија најавуваат бунт со правни и јавни механизми, доколку на местото в.д. директор од каде е разрешена Нора Шаќири-Марковиќ, а е назначена актерката Магдалена Ризова-Черних, која исто така работи во театарот.

Тие не го спорат разрешувањето на Шаќири-Марковиќ ако така смета Министерството за култура, но бараат на нејзино место да биде поставен драматургот Дарко Спасов, бидејќи во него имаат доверба.

„Не се согласуваме со разрешување на Нора Шаќири Марковиќ и назначување на Магдалена Ризова-Черних. Шокирани сме од оваа одлука со која за нов В.Д. директор се поставува човек што беше дел од претходната управа која што беше разрешена поради неправилности во работењето. Можеби е крајно време Инспекторатот за труд да го посети Театар Комедија. Кога Театарот беше на колена, во долгови и без услови за работа, со нарушени меѓучовечки односи, В.Д. директорката што сега ја разрешува Министерството успеа да реши дел од овие проблеми и да го врати Театарот на вистинскиот пат“, велат вработените во видеото кое го сподели актерот Атанас Атанасовски.

По скоро десет месеци од назначувањето, Шаќири Марковиќ денеска беше разрешена од директорската функција во Театар Комедија, откако беше пријавена за мобинг, односно психичко вознемирување врз вработените во театарот. Таа попладнево се огласи со реакција во врска со разрешувањето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот