ВИДЕО | Во ултра мини, Елена Ристеска и Милица Павловиќ се рај за очи за машката публика: Познат американски музичар им коментираше
Елена Ристеска и Милица Павловиќ се мелем за очи за машката публика, и двете слично облечени, во ултра мини.
Препорачано
Македонската пејачка сподели видео од заедничкиот настап со нејзината српска колешка од минатата година, на концерот на Милица Павловиќ во Скопје, во салата „Јане Сандански“.
И двете се облечени во розово, во кратки сукњи, провокативно танцуваат и го пеат хитот на Елена од Евровизија, „Нинанајна“, со кој настапи во Атина во 2006 година.
„Отсега на мојот официјален јутјуб-канал, ‘Нинанајна’ во дует со Милица, снимка од концертот на Милица во салата ‘Јане Сандански’ на 14.2.2025 година и ‘Доживотно’ во еден глас со публиката“, напиша Елена на Инстаграм.
Во коментарите под ова видео, Елена доби многу коментари од типот: „Прекрасна си Елена“ и емотикони, но најинтересно е што ѝ коментирал и светски познатиот музичар Морис Плежр.
„Ја паметам оваа песна“, напиша Плежр, а Елена му одговори со емотикони срциња. Морис Плежр е инаку мултиинструменталист, композтор и продуцент, а соработувал и свирел со Реј Чарлс, Натали Кол, Мајкл Џексон, Џенет Џексон и други светски познати пејачи.
Плежр има соработувано и настапувано и со браќата Тавитјан. Тој беше гостин на нивниот концерт во престижната концертна сала „Карнеги Хол“ во Њујорк во 2014 година.



