
ФОТО+ВИДЕО | Елена Ристеска гостинка на Милица Павловиќ на концертот во Скопје: Српската пејачка ја испеа „Јовано, Јованке“ и се качи на тапан во високи потпетици
Српската пејачка Милица Павловиќ во петокот во македонската арена „Јане Сандански“ го одржа својот прв солистички концерт во Скопје.
Препорачано
Пејачката направи спектакл во македонската метропола за „Денот на вљубените“.
Милица се пресоблекувала неколкупати, а енергијата што ја поседува Милица ја вжештила атмосферата во салата.
Сепак, кога се појавила во црн фустан со топ и ја отпеала песната „Јовано, Јованке“ предизвикала овации и врескање на публиката. На сцената ѝ се придружиле саксофонистот Гоце Јанкулов и Игор Тегов и Јане Крстев на тапани.
View this post on Instagram
Традиционалниот македонски инструмент тапан, без кој не може да се замисли речиси ниту една традиционална македонска веселба, особено свадби, ги изненади сите присутни во салата.
Сепак, посебен момент за сите бил кога Милица се качила на овој музички инструмент со вртоглаво високи потпетици, што публиката го поздравила со силно викање.
@macedonian_girl_19 #milicapavlovic #live #arenajanesandanski #skopje #makedonija #makedonijatiktok #balkan #balkantiktok #foryou #goviral #europe #fyp #explore #foryoupage #music #serbia ♬ original sound – ☆MACEDONIAN GIRL☆
Атмосферата на концертот ја вжештиле нејзините гости Цоби со кој Милица ја отпеала нивната заедничка песна „Илегала“ и македонската поп ѕвезда Елена Ристеска која со Милица го испеала евровизискиот хит „Нинанајна“.
Убавите пејачки биле облечени во розово, а и во текот на изведбата биле „обоени“ во розово на сцената.