ким кардашијан
Фото: Принтскрин / Instagram

ВИДЕО | Вистински божиќни утра: Ким Кардашијан најми пијанист да ги буди нејзините деца секое утро во декември со божиќни песни

Ким Кардашијан обожава да го создава и негува божиќното расположение, но оваа година славењето е повеќе од традиционално.

41-годишната претприемачка и реалити ѕвезда објави навистина нежно и пријатно стори на својот инстаграм-профил откривајќи дека ангажирала вистински пијанист за специјално задоволство за нејзините четири деца.

Ким објави видео на кое објасни дека го ангажирала пијанистот Филип Корниш да ги буди нејзините деца – Норт, 8, Сент, 6, Чикаго, 3 и Псалм, 2, за да ги буди секое утро во декември.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ASMA LEMARD (@asmalemard)

“Добро утро! Секое утро во месец декември @philthekeys доаѓа да свири божиќна музика на пијано за да ги разбуди децата“, напиша Ким на видео објавата.

Видеото, кое ја прикажува неверојатната монохроматска дневна соба на ѕвездата осветлена со масивна, треперлива елка, прикажува човек на големо крем пијано како изведува празнични мелодии. Божиќните чорапи висат на додека две статуи на елени во природна големина стојат свртени кон стаклените ѕидови зад елката.

 

Според Кардашијан, маестро е продуцентот и писател, добитник на Греми, Филип Корниш. Корниш, кој е пријател на семејството, е познат и како музички директор на поранешниот сопруг на Кардашијан, Канје Вест, и неговите популарни настани „Сандеј сервис“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ye4us (@ye4us)

Празничното расположение на Кардашијан е на сред нејзиниот бурен развод од Канје. Изминатава недела таа продолжи со процесот за официјално да се разведе од рап ѕвездата. Во петокот, таа поднесе документи за формално да ја прогласи за легално самохрана жена. Барањето е во обид да се одвојат прашањата за старателството над децата и имотот од состојбата на брачниот статус. Кардашијан сака и да го врати своето моминско презиме и да го изостави Вест.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ❤️ Lovers (@lovers.rs)

Сепак, Канје се уште очајно се обидува да ја врати Кардашијан, со која ги делат четирите деца. Тој дури и јавно ги изјави своите желби за време на неговиот добротворен концерт „Free Larry Hover“ со Дрејк минатата недела, на кој присуствуваше и Кардашијан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот