Фото. Screenshot

ВИДЕО: Вчера го видовме можеби и најголемото промашување сезонава во Премиер лигата

Арсенал во дербито од 19. коло на англиската Премиер лига убедливо ја декласира Астон Вила со 4-1 на „Емирати“ во Лондон. По израмнетото прво полувреме, „топчиите“ во првите 15 минути од продолжението постигнаа три гола и практично го решија прашањето околу победникот.

Домашните поведоа во 48. минута преку Габриел, кој погоди по корнер, само четири минути подоцна на 2-0 зголеми Мартин Зубименди, а во 69. минута Леандро Тросар ја затресе мрежата за убедливи 3-0.

Во 78. минута резултатот Арсенал постигна и четврти гол преку Габриел Жесус. Гостите сепак успеаја да стигнат до почесен погодок преку Воткинс во четвртата минута од судиското продолжение, но само неколку минути претходно се случи големо промашување кога Џон Мекгин имаше и повеќе од идеална позиција, но не успеа да реализира.

Преземено од: Спорт.ком.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот