ВИДЕО: ВАР поништи пресврт и победа на Јувентус, четири црвени картони во Торино

Тензичен финиш имаше натпреварот помеѓу Јувентус и Салернитана/Торино, Италија/11 септември 2022/фото: EPA-EFE/Alessandro Di Marco

Фудбалерите на Јувентус одиграа нерешено 2:2 против екипата на Салернитана во рамките од шестото коло во Серија А.

Водеа гостите со 0:2 по погодоците на Кандрева и Пјонтек, а Јуве со голот на Бремер успеа мечот да го доведе во една неизвесна завршница.

На 2:2 израмни Бонучи во судиското надополнување, а потоа Милик погоди за 3:2 за голема радост кај навивачите на стадионот во Торино.

Но, по интервенцијата на ВАР (Бонучи беше во офсајд), голот на Полјакот беше поништен, по што Милик заработи црвен картон, односно го доби вториот жолт бидејќи го соблече дресот во прославата.

Покрај Милик, црвени картони добија и тренерот на „Старата дама“ Масимилијано Алегри и Леонардо Бонучи. A на спротивната страна црвен картон доби и Федерико Фацио.

На табелата Јувентус после четвртото реми сезонава во италијанскиот шампионат е на осмото место со 10 бодови, додека Салернитана која исто така по четврти пат доаѓа до реми е на 10 позиција со седум бодов.

Во другите мечеви Аталанта ремизираше со Кремонезе 1:1, потоа Болоња беше подобра од Фиорентина (2:1), немаше победник на мечот Лече – Монца (1:1), Лацио триумфираше над Верона (2:0), Удинезе на македонскиот напаѓач Илија Несторовски славеше кај Сасуоло со 1:3.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот