ВИДЕО | Валенсија и Димитриевски со пресврт до триумф, Левандовски со последен гол за Барса
Фудбалерите на Валенсија во рамките од последното 38 коло во Ла Лига во саботата на домашен терен славеа со 3:1 против шампионот Барселона.
Препорачано
Немаше погодоци по првото полувреме на стадионот „Местаља“, а во 61 минута Барса дојде прва во водство со погодокот на Роберт Левандовски.
За полскиот напаѓач тоа беше и последен погодок во шпанското првенство во дресот на каталонскиот клуб кој официјално ќе го напушти ова лето.
Следуваше пресвртот на домаќините, израмни Хави Гера во 66 минута, а само пет минути подоцна Луис Риоха стрелаше за предност од 2:1.
Конечниот епилог го постави аргентинскиот интернационалец Гвидо Родригез во судиското надополнување (90+7`).
Голманот на македонската А репрезентација, Столе Димитриевски го одигра целиот меч за домашниот тим.
Валенсија, која претходно успеа да обезбеди опстанок, ја завршува сезоната на деветтото место со 49 бодови. Барселона ја освои првата позиција со вкупно 94 освоени бодови.
Во понизок ранг, односно во Сегунда следната сезона ќе играат екипите на Мајорка, Жирона и Овиедо.
Сезоната во најсилното шпанско првенство ќе заврши в недела со последниот натпревар кој ќе го одиграат Виљареал и Атлетико Мадрид од 21:00 часот.
Ла Лига, 38 коло
Сабота, резултати:
Алавес – Рајо Ваљекано 1:2
Бетис – Леванте 2:1
Селта Виго – Севиља 1:0
Еспањол – Реал Сосиедад 1:1
Хетафе – Осасуна 1:0
Жирона – Елче 1:1
Мајорка – Овиедо 3:0
Реал Мадрид – Атлетик Билбао 4:2
Валенсија – Барселона 3:1


