Споменик на Катерина Велика во Одеса/ Фото: Oleksandr GIMANOV / AFP / Profimedia

ВИДЕО | Украинците во Одеса го отстранија споменикот на Катерина Велика

Во текот на ноќта, локалните власти во Одеса го отстранија споменикот посветен на Катерина Велика, руската царица од 18 век. Овој потег е дел од пошироките украински напори да ги исчисти своите јавни простори од остатоците од руското влијание. Статуата првично била поставена во 1900 година, 104 години по смртта на Катерина Велика.

Но, градските власти го вратиле на сегашната локација дури во 2007 година, а претходно се наоѓал во складиште од 1920 година, кога бил урнат од Советите. Кога во октомври се одржа анкета за судбината на споменикот, 50,2 отсто од жителите на Одеса сакаа статуата да биде целосно уништена, додека 36,12 отсто сметаа дека треба да се чува, но и дека треба да се додаде историско објаснување на споменикот, пишува Еуроњуз.

За споменикот да остане непроменет гласале 8,3 отсто, а 4,2 отсто од анкетираните сакале тој да се пресели во музеј. Иако ова прашање ги подели жителите, украинската влада е решена да ја спроведе дерусификацијата на земјата по претрпените 10 месеци уништување од страна на руските вооружени сили.

Украина планира да ги обнови и преименува своите улици и јавни простори во чест на сопствените уметници, поети, војници и борци за независност, вклучувајќи ги и хероите од оваа војна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот