Канје Вест / Фото: EPA/ALLISON DINNER

ВИДЕО | „Тукушто го срушивме рекордот“: Канје Вест настапи во Истанбул пред 118.000 луѓе, сцената беше во облик на планетата Земја

Американскиот рапер Канје Вест одржа концерт на Олимпискиот стадион „Ататурк“ во Истанбул пред повеќе од 118.000 посетители, објавија организаторите и локалните медиуми.

„Само сакам да ви кажам, тукушто го срушивме рекордот, 118.000, најголем настап на стадион на сите времиња“,  ѝ рекол Вест на публиката, според „Туркие тудеј“.

Концертот, кој започна во 21:00 часот по локално време, предизвика огромен интерес уште пред почетокот и кулминираше со собирање на една од најголемите публики што стадионот некогаш ја видел. Раперот се појави на специјално изградена сцена во облик на планетата Земја, а почетокот на настапот беше обележан со синхронизирани светлосни ефекти што ја осветлија целата арена. Видеата од концертот брзо се проширија на социјалните мрежи и привлекоа големо внимание.

@fashion_beauty_mood Everybody jump at Kanye West concert 😜🔥🔥🔥 #kanyewest #ye #istanbul ♬ оригинальный звук – velvetglow✨

Настанот прерасна во целовечерен спектакл што вклучуваше диџејски настапи, ласерски и светлосни шоуа и собири пред и по концертот. Програмата беше дополнително збогатена со настапи на турски уметници, а се придружи и раперот Тревис Скот, претворајќи го концертот во еден вид фестивал што траеше до доцна во ноќта.

Концертот привлече обожаватели од цела Турција, но и бројни посетители од странство, вклучувајќи ги Русија, Казахстан, Обединетото Кралство, Германија, САД и Полска. Поради огромниот број посетители, во некои делови од Истанбул се појавија сообраќајни метежи додека навивачите се упатуваа кон стадионот.

За да се олесни влезот и подобро да се управува со очекуваниот прилив на луѓе, организаторите ги отворија вратите на стадионот уште во 15 часот. Како што се приближуваше концертот, илјадници луѓе ги исполнија метро станиците во градот, а најголем сообраќај беше забележан на линијата М9 Атаќој-Олимпијат, каде што пероните и ходниците беа преполни со патници.

И Швајцарија го откажа концертот на Канје Вест, турнејата му е под знак прашалник

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот