Канје Вест / Фото: EPA

И Швајцарија го откажа концертот на Канје Вест, турнејата му е под знак прашалник

Концертите на Канје Вест, кој денес е познат и како Је, во Полска и Швајцарија се откажани, а неговата европска турнеја е доведена во прашање поради контроверзиите поврзани со неговите антисемитски изјави, пишува „Гардијан“.

Фудбалскиот клуб ФК Базел, кој управува со стадионот „Сент Јакоб-Парк“, соопшти дека по разгледување на барањето за настап во јуни, одлучил да не му дозволи концерт.

„Во согласност со нашите вредности, не можеме да му дадеме платформа на овој уметник“, изјави портпарол на клубот.

Во меѓувреме, и стадионот во Хожув, Полска, го откажа закажаниот концерт на 19 јуни, по реакцијата на полското Министерство за култура, кое побара забрана за настапот.

Полската министерка за култура, Марта Ченковска, изјави дека промовирањето на нацизмот е „во директна спротивност со вредностите на Полска“, алудирајќи на претходните изјави на раперот.

Овие одлуки следуваат откако концертот во Марсеј беше одложен поради противење од локалните власти, а Велика Британија претходно му забрани влез, што доведе до откажување на неговото учество на фестивалот „Вајрлес“ во Лондон.

Во моментов, единствените планирани настапи од европската турнеја остануваат во Турција, Холандија, Италија, Мадрид и Португалија.

Вест во минатото предизвика остри реакции со изјави во кои изразуваше симпатии кон нацизмот и Адолф Хитлер, како и со продажба на производи со нацистички симболи.

Иако подоцна тврдеше дека не е нацист и се извини за своите изјави, контроверзиите продолжуваат да влијаат врз неговата кариера и јавни настапи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот