Фото: EPA/PVMBG / HANDOUT

ВИДЕО | Трojца планинари загинаа по ерупција на вулкан во Индонезија – ја игнорирале забраната за искачување

Најмалку тројца планинари загинаа по ерупцијата на вулканот Дуконо во Индонезија, додека спасувачките служби успеаја да ги пронајдат и евакуираат преостанатите членови на група од 20 лица кои се нашле на планината и покрај забраната за искачување, пренесува Ал Џазира.

Повеќето од преживеаните биле евакуирани од планината, додека двајца останале да помогнат во пронаоѓањето на телата на загинатите.

Според властите, во групата имало девет Сингапурци. Официјалните лица тврдат дека планинарите го направиле искачувањето и покрај забраната за искачување што е во сила од претходната вулканска активност.

Вулканот Дуконо еруптираше во 7:41 часот по локално време во петок, или во 22:41 часот по средноевропско време во четврток. Индонезиската агенција за вулканологија соопшти дека ерупцијата исфрлила столб од пепел во висина од околу 10 километри.

Снимките од областа покажале густ облак од вулканска пепел како се издига над кратерот и ги покрива околните падини.

Дуконо е еден од најактивните вулкани во Индонезија и е популарна дестинација за планинари и туристи. Властите повторно ги предупредија жителите и посетителите да се држат подалеку од областа околу кратерот по ерупцијата.

Индонезија се наоѓа на Тихоокеанскиот „Огнен прстен“, област склона кон земјотреси и вулкански ерупции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот