ВИДЕО: „Трипл-дабл“ на Дончиќ против Вашингтон, Јанис ја доби пресметката со Јокиќ
Екипата на Далас ја продолжи победничката серија во НБА лигата, нов триумф од 112:104 славеше против Вашингтон најмногу благодарение на Лука Дончиќ и Кајри Ирвинг.
Препорачано
Словенецот Дончиќ оствари нов „трипл-дабл“ учинок од 26 поени, 11 скокови и 15 асистенции, додека неговиот тимски колега Ирвинг имаше 26 поени, седум скокови и четири асистенции.
На спротивната страна Дени Авдија беше прв стрелец со 25 поени, следен од Кајл Кузма кој застана на 23.
На табелата во Западната конференција Маверикси се на осмата позиција (31-23), додека Визардси се претпоследни на Истокот (9-44).
Милвоки го надигра Денвер со 112:95, а одлична партија во редовите на Бакси имаше Гркот Јанис Адетокунбо со 36 поени, 18 скокови и пет асистенции.
За Нагетси повторно доминираше српскиот центар Никола Јокиќ со 29 поени, 12 скокови и осум асистенции.
Во генералниот пласман Милвоки е третопласиран во Источната конференција (35-19), а Нагетси се на четвртото место на Западот (36-18).
НБА лига, резултати –
Шарлот – Индијана 111:102
Кливленд – Филаделфија 121:123
Атланта – Чикаго 126:136
Торонто – Сан Антонио 99:122
Хјустон – Њујорк 105:103
Мемфис – Њу Орлеанс 87:96
Милвоки – Денвер 112:95
Далас – Вашингтон 112:104
Јута – Голден Стејт 107:129
ЛА Клиперс – Минесота 100:121


