ВИДЕО: Три лица едвај се спасиле откако се заглавиле во поплавен лифт

Screenshot

Три лица биле заглавени во лифт во Небраска кој почнал да се полни со вода, поради големи поплави кои ја зафатија американската држава. Околу 18 илјади луѓе останале без струја, пренесува Би-Би-Си.

Тони Лу, еден од лицата кои биле заглавени во лифтот со двете негови пријателки, вели дека водата одеднаш почнала да влегува во лифтот.

„Не знаевме дали дојде до поплава во подрумот, но отидовме да видиме што се случува. Потоа нивото на водата почна да расте. Водата ми дојде до врат, а потоа почна да се излева. Баравме начин како да избегаме, но не успеавме. Го побарав мојот пријател и му кажав дека можам да умрам. На крајот некако не спасија нашите пријатели“ вели Лу.

„Ваквите временски појави мораме да ги разбираме посериозно. Ако дојде до поплава, ќе одам по скали. Никогаш не знаеш што ќе ти донесе животот следно“ додаде Лу за Би-Би-Си.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот