ВИДЕО | Трамп повторно задрема на состанок во Белата куќа
Американскиот претседател Доналд Трамп, кој наскоро ќе наполни 80 години, по кој знае кој пат повторно беше снимен како накратко ги затвора очите за време на јавен настап во Белата куќа, додека пред камерите се најавуваше договор со фармацевтската компанија „Регенерон“.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Настанот се случил во Овалната соба, каде покрај него биле присутни министри и претставници на фармацевтската индустрија. На дел од снимките се гледа како Трамп, во текот на обраќањето, за момент ги затвора очите, по што повторно се буди и продолжува да го следи настанот, пренесува Н1.
Trump completely passed out, reawakened, then passed out again during today’s pressor in the Oval Office. 😂🤣👇 pic.twitter.com/5nOfQJUzow
— Bill Madden (@maddenifico) April 23, 2026
Снимките предизвикаа бројни реакции во јавноста и медиумите, особено затоа што Трамп во минатото често го критикуваше својот политички противник, поранешниот претседател Џо Бајден, користејќи го прекарот „поспаниот Џо“.
Ова не е првпат во јавноста да се појават вакви сцени. Според американските медиуми, слични моменти биле забележани и на претходни состаноци и конференции, меѓу кои и на седница на кабинетот и на прес-конференција во Мемфис.
Белата куќа во минатото ги отфрлаше ваквите интерпретации, наведувајќи дека претседателот не спие, туку „накратко ги одмора очите“ или „внимателно слуша“. Самиот Трамп, пак, во интервјуа посочува дека краткото затворање на очите му помага да се опушти и да се фокусира.
ВИДЕО | „Пијам млеко и затоа не правам грешки“ – Трамп неочекувано задрема пред гостите


