Доналд Трамп / Фото: AMIT LAVEE/World Economic Forum / Avalon / Profimedia

ВИДЕО | Трамп ќе нареди објавување на владини „досиеја“ за НЛО и вонземјани

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера објави дека ќе им наложи на федералните владини оддели и агенции да „лоцираат и објават“ досиеја за… вонземјани и неидентификувани летечки објекти (НЛО), нешто што, според него, некои Американци го бараат со децении.

„Со оглед на огромниот интерес што е изразен, ќе му наложам на секретарот за војна (Пит Хегсет) и на сите други релевантни оддели и агенции да го започнат процесот на лоцирање и објавување на владини записи поврзани со вонземски живот, неидентификувани воздушни феномени и неидентификувани летечки објекти“, рече тајкунот преку Трут сошал.

Претходно, републиканецот го обвини својот демократски претходник Барак Обама за откривање „класифицирани информации“ кога за време на еден поткаст, веројатно на шега, рече дека вонземјаните навистина постојат.

„Не знам дали (вонземјаните) се вистински или не“, меѓутоа, поранешниот демократски претседател „направи огромна грешка“, рече републиканскиот тајкун, кој никогаш не пропушта можност да го критикува својот претходник и неодамна пушти видео на Трут сошал – пред да го повлече – на кое тој, заедно со неговата сопруга, беа прикажани како мајмуни, предизвикувајќи бура од реакции.

На крајот од поткастот што се емитуваше за време на викендот, Барак Обама одговори на прашање за постоењето на вонземјани: „Тие навистина постојат, но јас не сум ги видел“.

Тој додаде дека, доколку нему му е познато, не постои „подземен објект“ што се користи за прикривање на нивното постоење – мислеше на Областа 51, базата на американските воздухопловни сили во Невада, предмет на бескрајни теории на заговор.

ВИДЕО | Го прашаа Обама дали има вонземјани: „Да“, одговори тој и предизвика лавина реакции

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот