Трамп не се извинува за видеото на кое Мишел и Барак Обама се прикажани како мајмуни
Американскиот претседател Доналд Трамп одби да се извини за расистичкото видео објавено, а потоа избришано од својот профил на социјалните мрежи, на кое Барак и Мишел Обама беа прикажани како мајмуни.
Препорачано
Трамп призна дека им наредил на помошниците да го објават контроверзното видео, но тврди дека не го видел навредливиот дел од видеото. Неговата изјава е во спротивност со првичното објаснување на Белата куќа дека видеото го објавил член на персоналот без знаење на претседателот, пишува The Guardian.
Контроверзната снимка се појави на една од објавите на неговата платформа Truth Social. На неа се прикажани насмеаните лица на поранешниот претседател и првата дама качени на телата на примати како се нишаат во џунглата на мелодијата на „The Lion Sleeps Tonight“.
Тие се појавуваат на крајот од едноминутно видео кое го промовира упорното врдење на Трамп дека ги добил изборите во 2020 година. Иако Белата куќа првично го бранеше објавувањето, видеото подоцна беше избришано, а на новинарите им беше кажано дека е објавено од помошник без знаење на претседателот.
Националното здружение за унапредување на обоените луѓе (NAACP) го отфрли нејзиното објаснување, нарекувајќи го видеото на Трамп „очигледно расистичко, одвратно и крајно презриво“.
-Трамп очајно се обидува да го одвлече вниманието од досието на Епштајн и неговата брзо пропаѓачка економија. Знаете кој не е во досието на Епштајн? Барак Обама. Знаете кој всушност ја подобри економијата како претседател? Барак Обама – рече Дерик Џонсон, претседател на здружението, додавајќи дека гласачите „ќе го паметат ова на изборите“


