ВИДЕО: Тевез можеше да го добие најбрзиот црвен картон!

EPA-EFE/JUAN IGNACIO RONCORONI

Аргентинскиот фудбалер Карлос Тевез може да биде среќен што доби само жолт картон во натпреварот против Кордоба.

Екипата на на 36-годишниот играч на Бока Јуниорс беше поразена со 1:0, во судиското надополнување имаше двајца исклучени фудбалери, Обандо и Изквердоз. А како започна мечот можеше многу лесно веќе после три секунди игра Бока да остане со еден играч помалку.

Тевез беше многу блиску да го добие еден од најбрзите црвени картони во историјата на фудбалот, на крајот доби само жолт од главниот судија.

Прекршокот изгледаше доста незгоден и во голем дел од случаите ова може дури и да се санкционира со директно исклучување.

Станува збор за екс фудбалер на Манчестер јунајтед, Манчестер сити и Јувентус со кои имаше големи успеси, а секако вклучувајќи ги и трофеите со сегашниот клуб.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот