ВИДЕО: Тешки денови за Јуве, Монца ги освои бодовите во Торино

фото: EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

Фудбалерите на Монца го победија тимот на Јувентус со 2:0 на гостински терен, во натпреварот од 20 коло на Серија А.

Гостите можеа да поведат уште во 10 минута, но голот на Џанлука Капрари беше поништен по ВАР снимката, поради офсајд позиција.

Монца поведе осум минути подоцна, откако Патрик Чурија постигна гол. Конечниот резултат го постави Дани Мота во 39 минута.

Монца е на 11 место во Серија А со 25 бодови, додека тимот од Торино е на 13 место со 23 бода по третиот врзан меч без победа (казнет со одземање 15 бода).

Во следното коло од најквалитетната италијанска лига Монца ја пречекува Сампдорија, а Јувентус ќе гостува кај Салернитана.

ВИДЕО: Што се случува со Милан во Серија А? Петарда во мрежата на „росонерите“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот