ВИДЕО: Што се случува со Милан во Серија А? Петарда во мрежата на „росонерите“

фото: EPA-EFE/MATTEO BAZZI

Милан се оддалечи од трката за титулата во Италија, сега веќе заостанува 12 бодови зад водечкиот Наполи кој има и еден натпревар помалку.

Веќе четири мечеви по ред „росонерите“ не знаат за победа во Серија А, денеска изненадувачки ги разочараа своите навивачи со висок пораз од 2:5 против Сасуоло. Девет примени голови за два меча, ако се земе и поразот минатото коло од Лацио (4:0).

Гостите постигнаа два гола за 120 секунди преку Дефрел и Фратеси, па намали Жиру по асистенцијата на Калабриа.

Берарди исто така се запиша во листата на стрелците за 1:3 по 30 минути игра, а на стартот од вториот дел веќе беше 1:4 кога од пенал прецизно стрелаше Лауриенте.

„Петардата“ ја комплетираше Матеус Хенрике во 79 минута, а конечниот епилог го постави Орижи (81`).

Милан е на четвртото место со 38 бодови, колку што има и Аталанта на третата позиција, а два помалку од второпласираниот Интер. Сасуоло кој по подолг период им се врати на победите и чија цел е опстанок во елитата, се наоѓа на 16 место со 20 бодови колку и Лече на 15 позиција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот