Фото: Инстаграм / принтскрин

ВИДЕО | Тензично е пред Ректоратот во Белград: Маскирани полицајци тепаат студенти со пендреци

Студенти и граѓани на Србија вечерва масовно излегоа на протест пред зградата на Ректоратот, откако припадници на Управата за криминалистичка полиција упаднаа во таа институција порано денеска, јавува „Н1“.

Двоен полициски кордон е поставен пред главниот влез во зградата на Ректоратот од страната на Студентскиот плоштад, а наспроти нив се граѓани кои извикуваат поради негодување.

На раскрсницата во близина на Националниот музеј дојде до конфликт меѓу полицијата и граѓаните. Полицијата ја удира толпата со пендреци, а некои граѓани фрлаа врз полицајците земја од жардиниери.

Студентите велат дека ситуацијата е многу напната и е на работ на инцидент. Тие сметаат дека упадот во Ректоратот е преседан и дека, ако тоа не го одбранат, може да се збогуваат со која било иднина.

„За жал, ништо ново, особено по локалните избори. Полицијата во цивил прво сакаше да преговара со нас. Им рековме дека дошле без налог. Ова е најбрутално уривање на автономијата на Универзитетот досега. Верувам дека ова е направено поради протестот што треба да започне во 19 часот“, рече тој.

Кога полицискиот кордон во близина на Националниот музеј со маскирани полицајци беше заменет со припадници на полициската бригада со целосна опрема за разбивање на демонстрациите, во еден момент имаше физичка пресметка меѓу маскирани полицајци и граѓани.

Ана Михајловски, уредничката на порталот „Наш портал“, која е пред Ректоратот по својата новинарска задача, рече дека полицијата ја турнала надвор.

„Не нè послушаа ниту еден од нас што дојдовме да известуваме за тоа што се случува“, изјави таа за Н1.

Утрово ченови на Управата за криминалистичка полиција утрово влегоа во просториите на Ректоратот на Универзитетот во Белград по наредба на Вишото јавно обвинителство, како дел од сеопфатната истрага за смртта на 25-годишна студентка и можните неправилности во работата на Ректоратот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nova.rs (@nova.rs_portal)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Svi u blokade! (@sviublokade.fdu)

 

ЕУ е загрижена за насилството на локалните избори во Србија, бара државата да спречува притисоци и заплашувања

ВИДЕО | Маскирани луѓе тепаа новинари и студенти, полицијата апсеше мирни граѓани: Изборите во Србија не поминаа баш во демократска атмосфера

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот