ВИДЕО | Талибанците уапсија професор кој јавно се противел на забраната за школување на жени

Талибанци на улиците на Кабул. / Фото: EPA-EFE/STRINGER

Универзитетски професор во Авганистан, кој е отворен критичар на забраната на талибанците за образование на жени и девојчиња, е уапсен во Кабул, јави Би-Би-Си.

Професорот Исмаил Машал бил приведен во четвртокот додека делел бесплатни книги.

Тој станал познат откако ги искина своите академски досиеја во живо на телевизија во знак на протест против забраната на талибанците за универзитетско и средно образование за жени и девојчиња.

Професорот Машал (37) е обвинет за „провокативни дејствија“ од талибанците. Тој е обвинет дека се обидел да и наштети на владата со тоа што поканил новинари да се соберат на главниот пат и да создадат „хаос“, напиша на Твитер Абдул Хак Хамад, талибански функционер од Министерството за информации и култура.

Очевидци изјавија дека професорот бил удрен со шлаканици, тупаници и клоци од талибанските безбедносни сили за време на апсењето, но Абдул Хак Хамад рекол дека професорот бил добро третиран додека бил во притвор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот