ВИДЕО | Авганистански професор си ги искина дипломите во живо на телевеизија

Фото Твитер

Професорот од Кабул, Исмаил Машал си ги искина дипломите за време на телевизиски настап во Авганистан. Овој чин беше знак на протест против талибанците кои им забрануваат на жените да одат во високо образование. Машал е основач на приватен колеџ и професор на Универзитетот во Кабул.

Машал со солзи во очите и треперлив глас ги искина дипломите за време на гостувањето на каналот Толо Њуз.

„Од денес веќе не ми требаат тие дипломи бидејќи оваа земја не е место за образование. Ако мојата сестра и мајка ми не можат да студираат, тогаш јас не го прифаќам ова образование“, рече тој, пренесе Си-Ен-Ен.

Тој додаде дека тоа се неговите оригинални магистерски и докторски дипломи. Видеото од чинот на Машал стана вирално, а Шабнам Насими, поранешен политички советник, го сподели видеото на Твитер. „Зачудувачки сцени додека професорот на Универзитетот во Кабул ги уништува своите дипломи на ТВ во живо во Авганистан“, напиша Насими покрај објавениот клип.

На 20 декември, талибанците објавија дека универзитетското образование за сите студентки е суспендирано. Ваквата одлука беше донесена откако авганистанската влада веќе им забрани на девојчињата да посетуваат средно училиште во март годинава. По враќањето на власт, талибанците значително ги ограничија правата и слободите на жените, вклучувајќи го и нивниот пристап до јавните простори.

Во ноември на жените им беше забранет влез во сите паркови во Кабул. Истиот месец, талибански функционер во Кабул објави дека на жените ќе им биде забрането да одат во спортски сали низ целата земја. Правилата на Талибанците исто така наложуваат дека жените мора да носат хиџаб и да се облекуваат скромно на јавни места.

Талибанците им забранија на жените да одат во теретана и во парковите

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот