Талибанците им забранија на жените да одат во теретана и во парковите

Авганистанки/ Фото: AA/ABACA / Abaca Press / Profimedia

Талибанците им забранија на жените да користат теретани и да одат во паркови. Ова е последното во серијата ограничувања наметнати на жените во Авганистан откако религиозната група ја презеде власта во август минатата година.

Иако првично уверуваа дека нивниот режим нема значително да ги ограничи правата на жените, талибанците најпрво им забранија на девојчињата од основно и средно образование вработување во многу професии и задолжително носење хиџаб на јавно место.

Портпаролот на Министерството за доблести и пороци рече дека забраната се воведува затоа што луѓето ги игнорираат наредбите за полова сегрегација, а жените не го носат потребниот хиџаб или покривање на главата кога се во теретана. На жените им е забранет и влез во парковите.

Мухамед Акеф Мохаџер, портпаролот на споменатото министерство, рече дека владата „направи се што е можно“ во изминатите 15 месеци за да избегне исфрлање на жените од парковите и спортските сали. Тој додаде дека прво вовеле родова сегрегација, според која на жените им било дозволено да користат теретана само во одредени денови.

„За жал, наредбите не беа почитувани и правилата беа прекршени и моравме да ги затвориме парковите и спортските сали за жените“, рече Мохаџер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот