Фото: Инстаграм/Принтскрин

ВИДЕО | Тајзи го промовираше спотот за новата песна „Сувенир“

„Сувенир“ е новиот љубовен хит на Драган Величковски- Тајзи. Песната е авторско дело на Тајзи и Лазар Цветковски, а спотот е снимен во Офицерскиот дом во Битола, како и на уште неколку локации во градот.

Во видеото режирано од Дарко Митев и Тајзи, покрај пејачот се појавуваат и македонските модели Патриција и Андреа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by T Y Z E E (@tyzee_tajzi)

„Животот е како партија шах, како и да ја изиграме на крајот и пионот и кралот завршуваат во истата кутија. На што ќе се сеќаваме на добрите или на лошите потези? Ни останува помалку да судиме и повеќе да уживаме во оваа игра наречена живот. Да не се труеме со омразата и пропагандата која ни се сервира. За такво нешто треба да се храниме со љубов. Да се љуби, да се верува и да се сака, вака безусловно како што јас ја сакам музиката. Токму тоа е темата на „Сувенир“ – вели Тајзи за својата нова песна.

Во изминатиот период, како автор Тајзи беше вклучен во осум проекти, а покрај својата музика пишуваше и за други артисти како Антонија Гиговска, Тамара Тодевска и 2 Бона.

За летниот период подготвува и нова авторска музика.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот