ВИДЕО: Светскиот вицешампион Хрватска освои само бод против Мароко

Хрватска и Мароко ремизираа без голови во групната фаза на СП 2022/фото: EPA-EFE/Abir Sultan

Финалистот од минатото Светско првенство, репрезентацијата на Хрватска одигра нерешено без голови (0:0) против Мароко во првото коло од групата „Ф“ на Мундијалот во Катар.

Мечот започна со иницијатива на Мароканците, кои храбро се соочија со вицешампионите на светот. Африканскиот претставник имаше еден обид кога ударот на Зијеш беше изблокиран од Сос, а со удар од далечина Перишиќ прв им се закани на Мароканците. Ниту една од двете репрезентации не создадоа шанси до крајот на полувремето кога имаше возбудувања пред голот на Боно.

Добра шанса имаше Влашиќ кој шутираше од непосредна близина откако стигна до неговиот центаршут, но добро интервенираше голманот на Мароко.

Во вториот дел Мароко најпрво се закани преку Мазрауи. Неговиот удар со глава од непосредна близина го одбрани голманот Ливаковиќ, а набрзо овој дефанзивец мораше да ја напушти играта поради повреда. Во 65 минута Мароко имаше слободен удар кој лесно можеше да резултира со гол. Ашраф Хакими упати силен удар од околу 25 метри, но Ливаковиќ добро реагираше.

До крајот на мечот Хрватите не успеаја да создадат нова шанса, а на Мароканците им недостасуваше свежина и натпреварот заврши без голови. Во истата група вториот меч ќе се игра денеска од 20.00 часот помеѓу селекциите на Белгија и Канада.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот