ВИДЕО | Супербол: Лос Анџелес Ремс е новиот НФЛ шампион

ЛА Ремс е нов НФЛ шампион/ фото: EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

Лос Анџелес Ремс е новиот шампион во НФЛ лигата откако на „СоФај“ стадионот со 23:20 го совладаа Синсинати Бенгалс во 56 издание на Супербол, и го освои трофејот Винс Ломбарди.

Финалето не понуди спектакуларна игра и сè се сведе на еден посед и неколку клучни потези во кои Ремс имаа ѕвезди од тимот на Купер Кап во нападот и на Арон Доналд во одбраната. Кап го постигна тачдаунот за пресврт, додека Доналд во последниот напад од натпреварот го запре нападот на Синсинати
ЛА Ремс подобро го отвори натпреварот иако првиот посед на топката не им беше успешен.

Сепак, во вториот посед, квотербекот Метју Стафорд го пронајде Одел Бекам јуниор за водство од 7:0. Синсинати возврасти со филд гол, но потоа Купер Кап со нов тачдаун носи предност за ЛА ремс од 13:3.


Сепак, Синсинати имаше одговор, ранинг бекот Џо Миксон ја доби топката и наместо да трча, тој фрли додавање до Тиј Хигинс за тачдаун и намалување на негативата на 13:10. Во наредниот напад се повреди Одел Бекам јуниор и тоа се почувствува во нападот на ремс кој целосно застана.


На стартот од третата четвртина по само 12 секунди игра квотербекот на Синсинати, Џо Буроу имаше додавање од 75 јарди за Хигинс кој постигна тачдаун  за водство на неговиот тим од 13:17.

 

Потоа Стефорд повторно имаше пресечено додавање кое Синсинати делимично го искористи со три поени од филд гол за 13:20.  До крајот на третата четвртина, ЛА ремс успеа да постигне филд гол.


Во последната четвртина доминираа одбраните на двете екипи и тоа се до последните две минути. На 1:25 минути до крајот Стефорд го пронаоѓа Купер Кап за тачдаун и нов пресврт за водство на ЛА ремс од 23:20. Синсинати во последниот напад дојде до четврти обид за еден јард, но најдобриот дефанзивец во лигата, Арон Доналд го запре Џо Буроу и му ја донесе титулата на ЛА ремс, која е втора во клупската историја.
За МВП на 56 издание на Супербол е прогласен Купер Кап кој постигна два тачдауни.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот