ВИДЕО | Судар на два воза во Индонезија, тројца мртви, десетици повредени

Судар на два воза во Индонезија, тројца мртви, десетици повредени / Фото Твитер

Спасувачите во Индонезија се обидуваат да ослободат две лица заглавени меѓу вагоните по сударот на возови во провинцијата Западна Јава, во кој загинаа најмалку тројца, а повредени се 28 луѓе, соопштија властите.

Видеата од локалните телевизиски станици МетроТВ и ТВ Компас покажаа дека на патниците им се помага да излезат од вагоните, од кои некои целосно излетале од шините. Брзата помош однесе 28 повредени во болница, соопшти полицијата, по несреќата во 6:03 часот по локално време во близина на главниот град на провинцијата Бандунг.

Тројца од загинатите се персонал во возот, изјави Ибрахим Томпо, регионален портпарол на полицијата во Западна Јава, додавајќи дека во возовите имало вкупно 478 патници.

Причината за несреќата се уште не е позната, но железничкиот оператор ПТ КАИ и провинциската влада рекоа дека ќе истражат, заедно со службениците за безбедност во сообраќајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот