ВИДЕО: Студентски центар го совлада Партизан за прв трофеј во АБА Суперкупот

фото: ABA League j.t.d./Dragana Stjepanovic

Изненадувачки црногорскиот кошаркарски клуб Студентски центар го освои АБА Суперкупот откако во Подгорица го совлада фаворитот Партизан со 83:81.

Студентски центар со победата над белградските „црно-бели“ стигна до првиот трофеј во ова натпреварување во историјата на клубот.

Во победничките редови се истакна Обри Докинс со 18 поени, четири помалку имаше Кенан Камењаш. На спротивната страна за српската екипа најефикасен беше Кевин Пантер со 23 поени, а 13 реализираше Зек Ледеј.

Во натпреварот за третото место црногорскиот Будуќност со 79:68 ја совлада босанската Игокеа. Претходно во полуфиналните дуели, Партизан беше подобар од Игокеа (91:84), а Студентски центар го надигра Будуќност (69:63).

АБА Суперкупот се одржува од 2017 година, покрај Студентски центар, по една титула имаат и Цедевита, Црвена звезда и Партизан. Во 2020 година не се организираше поради пандемијата на ковид-19.

Според најавите, новата натпреварувачка сезона во АБА лигата ќе стартува на 29 септември.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот