ВИДЕО: Страшна несреќа на автопатот во Хрватска кај Нова Градишка, загинаа тројца Срби

Сообраќајна несреќа во Хрватска во која загинаа три лица / фото: 24сата.хр/принтскрин

Во страотна сообраќајна несреќа на автопатот А-3 во Хрватска, кај Окучани, меѓу местата Новска и Нова Градишка, попладнево загинаа тројца млади српски државјани, откако со автомобилот се судриле со камион, јавуваат локалните медиуми.

Според извештаите, возачот на камионот е 25-годишен Босанец, кој бил во голем шок. Тој изјавил дека во моментите кога сакал да се исклучи од автопатот, во камионот со голема брзина се забил автомобилот во кој биле патниците од Србија, велат од полицијата.

Во сообраќајката, чии околности и локација морничаво потсетуваат на несреќата во која загина македонската музичка легенда Тоше Проески, загинале две машки лица од 35 и 38 години, како и жена стара 57 години, соопшти хрватската полиција. Според првичните информации, загинатите биле членови на исто семејство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот