Линдзи Вон EPA/Guillaume Horcajuelo

ВИДЕО: Страшен пад на Линдзи Вон на седум дена пред Олимписките игри, едвај ја напушти патеката

Легендарната американска скијачка Линдзи Вон доживеа тежок пад на последната трка во спуст пред Зимските олимписки игри во Милано и Кортина, по што со потешкотии ја напушти патеката, без да се потпира на левата нога.

Набрзо потоа во објава на социјалните мрежи, Вон порача дека нејзиниот „олимписки сон не е завршен“. Имено, искусната Американка ја загуби контролата при доскокот во горниот дел од патеката и заврши заплеткана во заштитната мрежа.

По лекарска интервенција, Вон успеа да се исправи и внимателно да се спушти до целта, користејќи ги стаповите за одржување рамнотежа, при што очигледно избегнуваше да го оптовари левото колено.

„Седум дена пред Олимписките игри, ова е многу тежок удар… Но, ако нешто знам, тоа е како да се вратам“, напиша Вон, најавувајќи дека ќе направи дополнителни прегледи и дека „ќе објави повеќе информации штом ги има“.

Да потсетиме, Вон во текот на кариерата имаше бројни тешки падови, а еден од најсериозните се случи на Светското првенство во 2013 година, кога поради повреда на десното колено ги пропушти Зимските олимписки игри во Сочи во 2014 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот