ВИДЕО | Српски коментатор направи лапсус на натпреварот на Партизан и го насмеа регионот

Фото: EPA-EFE/DUMITRU DORU

Партизан го совлада Шериф со 1:0 во вчерашните натпревари од Конференциската лига. По овој натпревар се коментира и еден детал кој е малку забавен.

Во овој натпревар Партизан играше со бели дресови, додека домаќинот со црни. Поради ваквата ситуација коментаторот на „РТС“, Предраг Страњиќ направи еден лапсус кој стана хит на социјалните мрежи.

Додека навивачите извикуваа „Шериф, Шериф…“, познатиот коментатор помисли дека на стадионот влегле навивачи на Партизан кои извикуваат „бели, бели“. Ќе потсетиме, поради проценката дека натпреварот е од висок ризик забранет беше влез на гостински навивачи во Молдавија.

„Мислам дека ова се навивачи на Партизан, претпоставува официјални лица кои извикуваат бели, бели“, искоментира Страњиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот