ВИДЕО: Рикардо Гомеш е херојот на Партизан, АЕК Ларнака на Тричковски го совлада Днипро-1

фото: EPA-EFE/DUMITRU DORU

Фудбалерите на Партизан на гостински терен славеа со 0:1 против молдавскиот Шериф во првиот натпревар од плеј-офот за влез во осминафиналето на Лигата на конференции.

На мечот во Кишињев каде што на трибините поради безбедносни причини немаше публика, голема и важна победа за српскиот состав донесе Рикардо Гомеш во 45 минута. Иако од 50 минута белградските „црно-бели“ играа со фудбалер помалку поради црвениот картон на Вујачиќ, успеаја до крајот да ја задржат предноста.

Кипарската екипа на АЕК Ларнака дома со 1:0 триумфираше над украинскиот Днипро-1 со погодокот на Гарсија во 84 минута. Македонскиот интернационалец Иван Тричковски беше стартер и настапи до 65 минута.

Лацио обезбеди минимална предност пред реваншот откако го совлада романскиот Клуж со 1:0. Победата за римските „небесно-сини“ ја донесе Имобиле непосредно пред паузата (45+4`). Италијанците успеаја со играч помалку да триумфираат откако во 15 минута Патрик доби црвен картон.

Со истиот резултат славеше и бугарскиот Лудогорец кој го совлада Андерлехт. Мрежата на Белгијците ја затресе Игор Тиаго во деветтата минута по асистенцијата на Десподов на теренот во Разград.

ВИДЕО: Солзите сами течат – емотивна кореографија на турските навивачи во Трабзон

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот