ВИДЕО: Солзите сами течат – емотивна кореографија на турските навивачи во Трабзон

фото: принтскрин/Youtube/Akif Yılmaz

Во Турција сега фудбалот е на втор план по катастрофалниот земјотрес кој ја погоди земјата и Сирија и однесе над 42.000 животи.

Турскиот шампион Трабзонспор на македонскиот репрезентативец Енис Барди игра натпревар од нокаут-фазата на Конференциската лига, а домашните навивачи со прекрасна кореографија им оддадоа почит на спасувачките служби кои се обидуваат да ги спасат преостанатите преживеани под урнатините на истокот од земјата.

На големата кореографија беше прикажан спасител со шлем на главата како извлекува бебе од урнатините, а покрај него има куче трагач.

За време на кореографијата, гледачите вееја илјадници турски знамиња.

Трабзонспор е од градот Трабзон на брегот на Црното Море, односно од североисточниот дел на земјата. Самиот град не беше сериозно погоден од земјотресот, но голем дел од луѓето кои останаа без ништо во земјотресот си најдоа дом во него.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот