ВИДЕО: Спектакл на „Олимпико“, Милинковиќ-Савиќ е херојот на Лацио

Сергеј Милиновиќ-Савиќ мораше да го спасува Лацио од пораз/Рим, Италија/6 јануари 2022/Фото: EPA-EFE/GIUSEPPE LAMI

Денеска во рамките од 20 коло во најсилното италијанско првенство составот на Лацио ремизираше 3:3 со екипата на Емполи.

Не поминаа првите 10 минути, а гостите веќе имаа предност од 0:2 со головите на Бајрами од пенал и Зурковски. Во 14 минута „небесно-сините“ успеаја да намалат преку Имобиле, асистент беше српскиот интернационалец Милинковиќ-Савиќ.

Милинковиќ-Савиќ беше еден од најдобрите во редовите на римскиот клуб на „Олимпико“, донесе израмнување во 66 минута. Емполи повторно водеше од 75 минута со погодокот на Ди Франческо, домаќините не реализираа пенал во 87 минута, односно непрецизен беше Имобиле.

Во самиот финиш од средбата домашната екипа сепак дојде до бод благодарение на вториот гол на Милинковиќ-Савиќ (90+3`).

Поради позитивни случаи на ковид-19 во редовите на Болоња беше одложен нејзиниот меч против Интер, а поради истата причина и позитивни случаи на ковид-19 во екипата на Торино, беше одложен и дуелот со Аталанта.

Во оваа рунда се одиграа уште два меча, Каљари славеше кај Сампдорија (1:2), а Верона со истиот резултат беше подобра од Специја.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот