ВИДЕО: Спектакл на „Местаља“, Лео Меси со нова фудбалска магија!
Денеска во последниот натпревар од 34 коло во најсилното шпанско првенство составот на Барселона триумфираше на гостувањето кај Валенсија со резултат 2:3.
Препорачано
Први поведоа домаќините на стартот од вториот дел, поточно во 50 минута кога стрелаше Габриел Паулиста после асистенцијата на Солер.
За краток период следуваше и пресврт на каталонскиот гигант, Меси не реализираше пенал во 57 минута, но веднаш ја исправи грешката за израмнување.
Гризман се погрижи во 63 минута за прва позитива на екипата од „Камп Ноу“, а Меси шест минути подоцна дојде и до вториот погодок од слободен удар. Тимот на Грасија успеа до крајот на средбата само да го ублажи својот 14 пораз сезонава преку Солер по додавањето на Олива (83`).
На тој начин составот на Роналд Куман останува во игра за шампионската титула, се наоѓа на третото место со 74 бодови, колку што има и второпласираниот Реал Мадрид. Лидер е Атлетико Мадрид (76), а четвртопласираната Севиља (70) својот натпревар ќе го има в понеделник дома против Атлетик Билбао.
Во претходните три дуели од денешната рунда: Ваљадолид-Бетис 1:1, Виљареал-Хетафе 1:0 и Гранада-Кадиз 0:1.


