Фото: Club Brugge K.V.

ВИДЕО: Спектакл и драма во Белгија , Барса во натпревар со шест гола едвај се извлече против Клуб Бриж

Уште во шестата минута, Тресолиди погоди и најави дека домаќините се способни да ѝ направат проблем на Барселона вечерва. Но, Феран Торес брзо по само две минути стрелаше за израмнување.

Клуб Бриж сепак и уште еднаш поведе кога во 17-тата минута Форбс постигна гол за 2-1. Со таа предност Бриж замина и на паузата. Во второто полувеме Барселона во 61. минута дојде до ново изамнуваање, а само четири минути подоцна одново и третпат во вечерта имаа негатива. Втор гол на натпрварот постигна Форбс. Конечните 3-3 беа поставни во 77. минута кога Золис си ја погоди сопствената мрежа.

Драма видовме и во судиското продолжение кога Шчесни киксираше и ја изгуби топката по што Бриж дојде до гол, но по реакција на ВАР радоста на Вермат беше скратена.

 

Манчестер сити на свој терен немаше премногу проблеми со Борусија Дортмунд која ја совлада со 4-1.

Набрзина Фоден и Халанд стрелаа во првото полуврме во 22. и 29. минута и така ја најавија победата на „граѓаните“. Во вториот дел Фоден постигна уште еден гол, а стрелеаше и Черки додека единствениот гол за Борусија беше дело на Антон.

На останатите натпревари, Каират го намачи Интер кој едвај дојде до победа од 2-1, Галатасарај во Холандија го декласираше Ајакс со 3-0, Њукасл дома беше подобар од Атлетик Билбао со 2-0, Леверкузен на гости кај Бенфика славеше победа од 1-0, а со истиот резултат триумф забележа и Аталанта кај Марсеј.

Преземено од: Спорт.ком.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот