ВИДЕО| Сопругата на белгискиот амбасадор во Сеул и удри шамар на продавачка, па побара имунитет

Амбасадорот Питер Лескоухер претходно се извини во име на неговата сопруга Ксианг Хуекиу. Тој рече дека каква било форма на физичко насилство е неприфатлива, наспроти тоа што „таа можеби имала причина да се лути за начинот на кој се однесувале кон неа во продавницата“.

Сопругата на белгискиот амбасадор во Јужна Кореја се повика на правото за дипломатски имунитет откако и удрила шлаканица на продавачка во Сеул (Јужна Кореја).

Амбасадорот Питер Лескоухер претходно се извини во име на неговата сопруга Ксианг Хуекиу. Тој рече дека каква било форма на физичко насилство е неприфатлива, наспроти тоа што „таа можеби имала причина да се лути за начинот на кој се однесувале кон неа во продавницата“.

„Таа искрено жали и сака во прва прилика лично да и се извини на продавачката“, рече Лескухиер на видеото објавено на Инстаграм, додавајќи дека неговата сопруга „активно соработува со полицијата“.

Сепак, во соопштението на полицијата во Сеул се вели дека Ксианг Хуекиу се повикала на нејзиниот дипломатски имунитет, па тужбата била отфрлена.

Според Виенската конвенција, на која Јужна Кореја е потписник, дипломатите и членовите на нивните семејства имаат право на имунитет од гонење, под услов тие доброволно да се одречат од тоа доколку сакаат.

Видеото што се појави на социјалните мрежи покажува како Ксианг Хуекиу се расправа со двајца вработени во продавница за облека на 9 април, откако едниот ја запрел верувајќи дека таа ја украл јакната што ја носела.

Вработената, која сакала да остане анонимна, за Си-Ен-Ен изјавила дека не разбирала што зборувала жената и дека се обидела да ја види етикетата на нејзината јакна. Таа ја запрела сопругата на амбасадорот надвор од продавницата и кога виде дека јакната не е украдена од продавницата, и се извини на англиски, па се вратила во продавницата. Но, Ксианг потоа влегла во објектот, нервозно турнала една вработена, а потоа и удри шамар.

„Можеме да разбереме дека таа се налути, но тоа не го оправдува нејзиното насилно однесување“, изјавила продавачката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот