Фото: EPA-EFE/Julio Munoz

ВИДЕО | Солзи и емоции во Севиља: Се пензионираше легендарниот Хесус Навас

Емотивна беше изминатата вечер во Севиља, а беше посветена на легендарниот шпански фудбалер кој речиси целата своја кариера ја помина на „Санчез Писхуан“, Хесус Навас.

Шпанскиот ветеран замина во пензија како фудбалер со најмногу настапи во дресот на Севиља, но и најмногу освоени трофеи.

Вчерашната церемонија во Севиља беше исполнета со многу емоции и клубот се погрижи Навас да биде испратен како што доликува.

Посебно емотивен беше моментот кога на теренот се појавија ќерката на Хосе Антонио Рејес и синот на Антонио Пуерта, поранешните соиграчи на Навас кои не се повеќе помеѓу живите. Во тие моменти Навас не успеа да ги задржи солзите и се расплака.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот