Фото: Screenshot

ВИДЕО: Соиграч на двајца Македонци во Хрватска заработи црвен картон за 74 секунди

Екипите на Славен Белупо и Хајдук Сплит одиграа реми без голови во натпреварот од 12. коло во хрватската Прва лига. Домашниот тим ги имаше во стартниот состав и двајцата поранешни македонски репрезентативци, Леонард Жута и Илија Несторовски, кои беа на теренот сите 90 минути.

Иако немаше голови, мечот не помина без возбудувања. Најинтересниот момент се случи во самиот финиш, кога резервистот Андрија Филиповиќ успеа да заработи директен црвен картон само 74 секунди по влегувањето во игра. Во првиот дуел влезе со отворен ѓон и ја остави својата екипа со играч помалку.

Со ова реми, Хајдук се искачи на врвот на табелата со еден бод повеќе од Динамо Загреб, додека Славен Белупо останува на третото место со 17 освоени бода.

Преземено од: Спорт.ком.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот