Снеже Велков - Фото: Инстаграм

ВИДЕО | Снеже Велков покажа што значи дисциплина: „Неисчешлана во пижами ама раздвижена“

Водителката Снеже Велков со години беспрекорно се грижи за своето здравје, јаде избалансирана храна, редовно вежба и не пропушта да ги сподели своите здрави навики со следбениците на социјалните мрежи.

Иако нејзиниот работен ден е исполнет со бројни обврски, Снеже секогаш наоѓа време за утринска рутина за вежбање. Токму едно такво утро, во својот убав дом, го сподели на својот Инстаграм профил, додавајќи со доза на хумор:

„Неисчеслана во пижами, ама раздвижена!“

Во една своја објава, Снеже искрено проговори за тоа колку е тешко да се започне со вежбање и колку вистинската мотивација доаѓа одвнатре:

„Вежбање – најтешката работа на која ќе се натераш! Не палат тука сите достапни опции, ниту другарката што те вика, ниту теретаната под зграда, ниту купената справа, ниту тренерот, ниту девојката што секое сабајле се качува на Водно … Нема да те мотивираат ни лепотиците со стомачни на Инста, ни мудри мисли, ни попусти на сали. Ништо не пали … и сè е џабе. Освен едно — ТИ. Лично ТИ, твојата одлука, мозок и совест“.

Таа додава дека само внатрешната инспирација може да те поттикне да истраеш, дури и кога ќе те боли, кога ќе ти се спие или кога резултатите не се веднаш видливи.

„Инспирацијата е она што ќе ти шепне – не се откажувај! Таа ќе те потсети на најубавото чувство после тренинг. Инспирацијата го претвора вежбањето во стил на живот, а не во обврска.“

Велков објаснува дека токму затоа ги снима своите видеа со вежбање – за да мотивира и инспирира:

„Ги снимам за да ви покажам дека не е лесно, понекогаш не е ни забавно – ама вреди секоја минута!“

Со својот реален и инспиративен пристап, Снеже уште еднаш покажа дека клучот за успех, енергија и самодоверба лежи во едно едноставно нешто – во нас самите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Velkov Sneze (@velkovsneze)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот