Судар на два воза во Словачка/Фото: TASR / Profimedia, Model Release: no, Credit line: Michal Svítok / TASR / Profimedia

ВИДЕО | Словачка: 79 повредени во судир на два воза кај Братислава

Седумдесет и девет лица се повредени во судир меѓу два патнички воза во близина на словачкиот главен град Братислава, соопштија денес властите, пренесува vol.at.

Ниту еден од учесниците во несреќата што се случи вчера вечерта не е во животна опасност. Повредените се префрлени во болници, соопшти службата за итна медицинска помош. Прелиминарните извештаи покажуваат дека регионалниот воз го игнорирал знакот „стоп“ и преминал на пругите кон Братислава, каде што се судрил со брз воз, соопшти железничката компанија ЗСР.

Точните околности од несреќата и натаму се истражуваат, изјави шефот на ЗСР Иван Беднарик за новинската агенција ТАСР. Јавната телевизија СТВ извести дека во двата воза имало околу 800 патници, повикувајќи се на податоците на министерот за внатрешни работи Матуш Шутај Ешток.

Според СТВ, многу од патниците биле студенти кои се враќале во Братислава од нивните родни места.

Два воза се судрија во Словачка, има повредени

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот