Два воза се судрија во Словачка, има повредени

Два воза се судрија на железничка линија во Словачка вечерва околу 19:30 часот по локално време, при што се повредени најмалку 10 лица, објавија словачките медиуми.

Според првичните информации, се судриле возовите Ex 620 и Rex 1814, кои сообраќаат од Нитра до Братислава.

Несреќата се случила на делницата Пезинок – Свети Јур по напуштањето на станицата Пезинок, објавува словачкиот портал HN.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот