ВИДЕО: Скок каков што не се памети – Тими Зајц со 161 метар ја прелета скокалницата во Вилинген

фото: EPA-EFE/ANTONIO BAT

Тими Зајц, носен од силен ветер, на натпреварувањето во мешани тимови во Вилинген, Германија, прескокна 161,5 метри.

Зајц не успеа да остане на нозе по неверојатниот скок, поради што не се вбројува како нов рекорд. Падна, се лизна и потоа се фати за коленото. За среќа, информациите велат дека 22-годишниот ски скокач од Словенија нема сериозна повреда, што го потврди и неговиот селектор Роберт Хргота.

– Многу напорно натпреварување. За среќа, сè е во ред со Тими. Имавме два одлични скока, но мислам дека натпреварувањето беше прекинато предоцна. Условите не беа безбедни. Мислам дека ова може да биде предупредување за иднината. Безбедноста мора да дојде прво, па големите скокови – рече Хргота.

Рекордот од 2021 година го држи Полјакот Клеменс Муранка, кој прескокна 153 метри. Првата рунда скокови се одржа во лоши временски услови, со многу ветер, поради што организаторите одлучија да нема втора серија. Во такви услови Зајц мораше трипати да се помести од стартот бидејќи трипати пистата се поместуваше.

Инаку, скокалницата во Вилинген е долга 130 метри. Норвешка на крајот го освои првото место со 415 бодови. Австрија беше втора со 415 поени, Германија трета со 409,8 поени, Јапонија четврта со 375,8, а Словенија петта со 367,4 поени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот