ВИДЕО | Скандал во САД: Наставничка ги згрози учениците со нејзините потези

Наставничка ги исмејува Индијанците: Фото Twitter Screenshot

Наставничка во средно училиште во Калифорнија стана мета на негативни коментари, откако била снимена како навредливо ги имитира Индијанците, пренесува Глобал Њуз.

Во видеото објавено на Инстаграм, наставничката – која не e именувана во видеото или од средното училиште – се гледа како носи наметка и танцува со рацете кренати во воздух додека испушта чудни звуци.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Akalei Brown (@corn_maiden_designs)

Во описот на видеото се вели дека ученикот, кој се идентификува како Домороден Американец, почнал да ja снима својaта наставничка по неколку минути расправија околу индијанската култура и минато.

Според објавата, видеото е снимено во средното училиште Џон В. Норт во Риверсајд, Калифорнија, на час по математика и дека ученикот чувствувал дека „има право да снима“ бидејќи сметал дека „се врши насилство врз него“.

Во соопштението од четвртокот, Унифицираната училишна управа на Риверсајд потврди дека станува збор за снимка на една од нивните наставнички и дека таа во наредниов период нема да предава.

„Овие однесувања се целосно неприфатливи и навредлив приказ на огромните и експанзивни култури и практики на Индијанците. Нејзините постапки не ги претставуваат вредностите на нашата област. Наставникот е ставен на одмор додека округот спроведува истрага“ се вели во соопштението.

Видеото од наставничката, кое брзо стана вирално, предизвика реакции на гнев и критики.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот